Страшно! Погледнете како оперираат нигериските пирати: Киднапираат луѓе за пари, а сега киднапирале и Балканци

1053

Меѓу 12-те членови на екипажот кои од швајцарскиот товарен брод ги киднапирале нигерските пирати, се наоѓа и еден Хрват, државјанин на БиХ и Словенец.

Бродот Гларус, кој пренесувал пченица од Лагос во Порт Харкоурт во Нигерија, бил нападнат во саботата. Бродот бил нападнат крај нигерискиот брег и властите се во контакт со сопственикот на бродот, се наведува во соопштението.

Само во првата половина од 2018. година биле киднапирани 35 луѓе, а податоците од минатите две години покажуваат дека бројот на напади и киднапирања е во пораст.

Црногорскиот државјанин Ален Бикиќ минатата година снимил напад на пиратите во водите Нигерија, а борбата за опстанок траела со часови.

“Беа вооружени со три пушки “Калашников””, нагласил Бикиќ и додал дека имало осум пирати со маски.

“По тоа што го видовме, ракетите кои служат да бидеме видени ги насочив кон нив, и откако испукавме три ракети, тие се откажаа”, рекол Бикиќ.

Во последно време најмногу загрижува порастот на киднапирања на танкери поради кражба на нафта, а поранешен пират објаснил како нападот се одвива поради финансиска корист.

“Киднапираме за да добиеме пари од откуп”, вели тој.

Се случува да се киднапираат бродови во текот на неколку дена, колку што им е потребно да земат се од пловилата, додека некои групи ги ослободуваат бодовите и екипажите откако ќе се исплати откупот.