Судија доби доживотна суспензија, откако досуди четири сомнителни пенали (ВИДЕО)

750

Мароканскиот судија Хишам Таизи заработи доживотна забрана, откако Мароканската фудбалска федерација го суспендираше поради четири сомнителни пенали досудени на натпреварот помеѓу Олимпик Курибга и Јусуфиа де Берешид.

Конечиот резултат беше 4-1 за Курибга, а тие добија три пенали, додека гостите еден. Според истрагата на Мароканската федерација, сите досудени пенали биле крајно сомнителни, па судијата заработи доживотна суспензија од фудбалот.