Тампа Беј е новиот НФЛ шампион, откако тимот предводен од неверојатниот Том Брејди, дојде до победа над минатогодишниот шампион Канзас Сити со 31:9 во 55. издание популарниот Супер Боул.
Ова е само втор пехар за Тампа Беј, но особено значаен затоа што Канзас Сити влегоа како фаворити во големото финале. Том Брејди и компанијата го одиграа натпреварот скоро без грешка, како во нападот, така и во одбраната. Од друга страна, Канзас не беа ни бледа сенка на тимот кој играше фантастичен фудбал во последните три години. Особено лоша беше втората четвртина кога дозволија противникот да освои 11 поени, кои на полувреме на Тампа Беј и даода предност од огромни 21:6.
Последната шанса за враќање во мечот, екс-шампионот ја пропушти на почетокот на четвртата четвртина. Тие добија 12 јарди од крајната зона, но многу лошо ги изведоа сите четири обиди и не успеаја да стигнат до бод, што дефинитивно му го предаде тронот на тимот од Флорида.
Легендарниот Том Брејди не само што го освои седмиот шампионски прстен, туку ја освои и наградата МВП Супербол по петтипат во кариерата.
HOW ABOUT THAT?! #SBLV@TomBrady | @Buccaneers pic.twitter.com/dmIlM7jWxc
— NFL (@NFL) February 8, 2021
DEVIN WHITE SEALS IT. #GoBucs #SuperBowl pic.twitter.com/nEhpDLqveE
— NFL (@NFL) February 8, 2021