Супермаркет смислил генијална идеја како да спречи масовно купување на средства за дезинфекција на раце

753

Во последните неколку недели сме сведоци на големите гужви во маркетите и празните полици, а многумина на интернет ги осудуваат луѓето кои панично прават залихи на основни намирници и средства за дезинфекција.

Но, еден супермаркет во Данска одлучил да им стави крај на алчните купувачи и смислил како да ги ограничи во купувањето на средства за дезинфекција на раце.

На социјалните мрежи започна да се споделува фотографија на која покрај средствата за дезинфекција е наведена и нивната цена – едно средство изнесува 5,50 евра, но доколку купите повеќе парчиња, цената изнесува околу 134 евра по шише.

Многу корисници на Твитер го пофалиле овој едноставен, но ефективен потег.