Суровата албанска мафија ја соборува цената на дрогата во Британија: Кокаинот е сè поевтин, наркомани сè повеќе! Го преземале подземјето, Лондон во страв

1134

Албанската мафија ја преземала контролата над пазарот со кокаин во Велика Британија, чија вредност се проценува на пет милијарди фунти.

Таа мафија полека го преземала пазарот во Британија, откако голем број на Албанци се преселиле во Британија по падот на комунизмот во Албанија во 1990-та година, пишува “Mirror”. 

Како што се наведува, сега “застрашувачките криминалци” го контролираат речиси целиот пазар во Велика Британија, со кокаин кој е најевтин од 1990-та година, и најчист во последните 10 години.

До преземањето на пазарот дошло така што албанската мафија ги отфрлила посредниците и почнала директно да комуницира со колумбиските картели, што овозможило пониски цени и поголема чистота на кокаинот на пазарот.

Поради тоа сега Велика Британија се соочува со најголем број на млади корисници на кокаин во Европа. “Mirror” наведува дека тие се еден мал запчаник во тоа царство, каде главниот збор го има озлогласената банда “Хелбениак”, која владее со источен Лондон.

Оваа банда имала дури и свој профил на Инстаграм, каде имала 115.000 фанови, а кој бил затворен во ноември минатата година.

Портпаролот на националната агенција за криминал, за “Mirror” рекол дека албанските криминални групи имаат големо влијание на останатите криминални организации во Велика Британија и пристап до пазарот на наркотици, пред се кокаинот, а блиско се поврзани со групи преку кои перат пари и тргуваат со луѓе.