Сузана Гавазова ја покажа и другата сестра (фото)

811

Семејството е гордост, безусловна љубов, поврзанст…семејството е сè!

Фолк пејачата Сузана Гавазова доста често сака да ги покажува јавно своите сакани пред следбениците на социјалните мрежи, а досега неколкупати сме пишувале за нејзините ќерки, сопругот, родителите и сестрата.

ФОТО:СУЗАНА ГАВАЗОВА/ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН

Но, деновиве таа објави фотографија каде е во друштво на две дами од кои за едната беше познато дека е нејзина сестра, но не и за другата, која за првпат

ја покажа јавно и всушност откри дека има две сестри.

-Сестри, гласи описот на фотографијата која се најде на Инстаграм профилот на пејачката, а доби голем број коментари и лајкови.

Од приложеното може да се забележи дека сестрите Гавазови се физички доста слични една на друга, а сепак толку различни.