Познатата водителка Сузана Манчиќ покажа како изгледа нејзиното секојдневие во текот на вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот.
Што правам? Пеглам! Што правев претходно? Ја миев косата сама! Нема фризер…Нема помош во домот, ја нема мојата Жаклина. Готвам, перам, пеглам, излегов од комфорната зона. Што се мора – не е тешко! Не излегувам без потреба. Евентуално да го прошетам кучето. Тоа е тоа. Бидете дисциплинирани, чувајте го својот живот и животот на своите најблиски, откри Сузана во видеото кое го објави на Инстаграм.
На ова фановите се налутија и и порачаа дека е голема „трагедиија“ што морала самата да ја измие својата коса.