Сведоци на земјотресот во Хрватска: “Целата шума врисна секунда пред земјотресот! Луѓето не влегуваат дома”

703

“Првиот земјотрес имаше удар како падна нешто тешко. Кога се почувствува вториот земјотрес, имаше тресење, лулање. Се тресеше патот под нозете”, вели еден од мештаните.

Селото Страшник, на десетина километри од Петриње, е едно од најтешко погодените во утринската серија земјотреси кои го погодиле тој крај во Хрватска, пренесуваат тамошните медиуми.

Како што наведува “Јутарњи”, ретко која куќа не е оштетена, а мештаните го опишале своите искуства.

“Бев во куќата, а кога се затресе веднаш истрчав надвор. За вторите два удари воопшто не влегував, патот се тресеше. Ах, страв…Бев во војна и не ми е страв, но се загрижив за децата”, вели еден жител на Страшник.

“Околу 70 проценти од крововите се оштетени. Искрено, се плашам да одам горе. А и не се разбирам, тоа треба да го погледне некој што знае. Има штети и по целата куќа”, вели друг жител.

Жителите велат дека животните во дворовите и шумите го најавиле потресот.

“Одеднаш кучињата во дворовите и животните во шумите почнаа да врискаат. Шумата врискаше. Знаев дека ќе има потрес. И една секунда подоцна, навистина земјотрес”, вели еден вознемирен жител.

“Првиот земјотрес беше удар како да падна нешто тешко. Кога почувствува вториот земјотрес, имаше тресење, лулање. Се тресеше патот под нозете, како да се брануваше. Овие куќи се релативно нови, обновени по бурата”, вели еден од локалците.

Претседателот на градскиот совет исто така излегол на терен и рекол дека луѓето се јавуваат и пријавуваат штети.

“Страшник беше епицентар. Малку кој кров останал целосен и уште е неизвесно. Луѓето не влегуваат дома, па уште не се знае каква е состојбата во куќите. Најпогодени места се Страшник, селото Сибич, Шушњар, Глинска полјана…Засега нема информации за повредени. Луѓето се поучени од тоа што се случи во Загреб, брзо реагираа. Среќа што се случи во време кога луѓето се подготвуваат за на работа, па веќе биле будни”, вели овој локален функционер.

“Паѓаа слики од ѕидовите. Најмногу штета на мојата куќа направи третиот земјотрес. Тоа кога еднаш ќе почне, не престанува”, вели еден жител на Страшник.

Од Сибич јавуваат дека нема куќа која не е оштетена.