Светителката која ја разбира женската душа и го простува секој грев: На Голема Богородица помолете се вака

673

Одвојте време за молитва, бидејќи времето за молитва значи и време за нашата душа.

Голема Богородица или Успение на Пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник е спомен за смртта на Богородица и Македонската Православна Црква и верниците го прославуваат на 28 август кога се завршува постот од 14 дена.

Успението на Пресвета Богородица е ден кога Таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот. Преданието вели дека Богородица живеела 60 години, а според некои извори 72, дека го надживеала својот син и како сведок на бројни славни настани, ја продолжила неговата мисија.

Во Светото писмо нема податоци за крајот на земниот живот на Богородица. Според преданијата и списите кои немаат свет карактер, се смета дека Мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението на Христос, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

На иконите овој празник најчесто се прикажува така што се икоопишува постелата на која лежи Богородица со прекстени раце на градите. Од двете страни има свеќници со запалени свеќи. Покрај нозете на Богородица е Св.Петар кој кади со кандилче, а покрај главата се светите апостоли Павле и Јован.

Присутни се и големите христијански писатели светите Дионисиј Ареопагит, Иротеј и Тимотеј кои го држат Евангелието; а тука се и жените кои плачат. Над Богородица е Исус кој ја држи душата на Богородица во вид на дете, опкружено со светлина и ангели.