Светските медиуми се на нозе, бидејќи се појавија шпекулации дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун починал.
Сè уште нема официјална потврда.
Па така, „Nes York Post“ пишува дека информациите за неговата смрт се појавиле на ТВ во Хонгконг, а наведуваат и дека некои јапонски медиуми пренеле дека првиот човек на Северна Корена е во ‘вегетативна состојба’, после неуспешната операција на срцето.
И порталот „TMZ“ ја пренесува веста, повикувајќи се на медиумите во Кина и Јапонија, дека врвниот лидер на Северна Кореја починал или дека е на ‘смртна постела без никаква надеж за опоравување’.
N. Korea Dictator Kim Jong-un Reportedly Dead After Botched Heart Surgery https://t.co/k4za2feVQc
— TMZ (@TMZ) April 25, 2020
Потпретседателката на сателитската телевизија „HKSTV“ од Хонгконг тврди дека Ким е мртов, повикувајќи се на ‘многу цврст извор’, наведува „International Business Times“.
И австрискиот медиум „Heute“ пишува за тоа дека се појавиле непроверени информации за смртта на Ким Џонг-ун.
Медиумот исто така потсетува дека Ким не присуствувал на 15-ти април на прославувањето на роденденот на неговиот дедо, кој починал во 1994-та година, Ким II-сунг, инаку основач на Северна Кореја.