Можеби најзначајното првенство во историјата на оваа генерација предводена од Кирил Лазаров, првенство на коешто цела Македонија требаше пред малите екрани да ја види борбеноста, пожртвуваноста и оставањето на срце на ракометните паркети во Минхен и се поради една цел – ПЛАСМАН НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО!!
Но тоа нема да го следиме на наша телевизија, нема ниту со македонски коментатор, наместо МАКЕДОНИЈА ИСПИША РАКОМЕТНА ИСТОРИЈА, најверојатно ќе слушнеме ,, Ovo je veliki uspeh Makedonskog reprezentativnog rukometa”, и тоа е ОГРОМЕН СРАМ за сите МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕВИЗИИ, ОПРАВДУВАЊА НЕМА И НЕМА ПОТРЕБА ДА ИМА!!!
ШАНСА СЕ УШТЕ ПОСТОИ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА СРАМОТ!!!
Првичниот пакет е дефинитивно откупен од АРЕНА СПОРТ и таму ќе може да ги следите сите натпревари од Мундијалот. Шанса за нашите телевизии е СЕКУНДАРНИОТ пакет кој најверојатно ќе нуди пренесување само на натпреварите на нашиот национален тим, што секако во оваа ситуација и тоа ќе биде ПРЕМИЈА за сите вистински љубители. Искрено се надеваме дека кај Македонските телевизии ќе преовладее ЗДРАВИОТ РАЗУМ и дека ќе се намали буџетот за ,,турски серии” а ќе се одвои пари за пренесување на спортистите кој секој ладен јануари ни ги стоплуваат нашите срца!!!!