СЗО ги разби митовите – дали лукот, алкохолот, сончевото време го ‘убиваат’ вирусот?

841

Како најважна мерка за заштита се препорачува темелно миење на рацете со сапун и вода или пак со средство кое што е на база на алкохол, и секако држење на социјална дистанца.

СЗО, ги собрала најчестите митови во борбата против коронавирусот кои што кружат низ светот и објаснила зошто – според досега потврдените докази и документи во истражувањето на врусот, тие се неточни, но и опасни.

1. Заболуваат ли само старите луѓе?

Не! Сите можат да заболат. Луѓе на сите возрасти можат да се заразат со коронавирус. Очигледно дека постарите луѓе со постоечки здравствени слики, како астма, дијабетес и срцеви болести, се поподложни на тешкиот облик на болеста. СЗО советува луѓето од сите возрасти да преземат чекори за да се заштита од вирусот.

2. Може ли лукот да ја спречи инфекцијата од коронавирусот?

Не! Тоа е здрава намирница и има некои антимикробни својства, но нема докази дека во оваа епидемија би им помогнал на луѓето да не се заразат.

3. Консумирањето алкохол штити од Ковид-19?

Не! Алкохолните пијалации не штитат и од многу други заразни болести. Честата или претерана консумација на алкохолот може да го зголеми ризикот од здравствени проблеми.

4. Изложување на сонце или температура над 25 степени целзиусови?

Не! Може да се заразите од Ковид-19 без оглед на сончевото време. Земјите кај кои што температурата на воздухот е релативно висока, пријавиле случаи на Ковид-19. Најдобар начин да се заштитите е често и темелно миење на вашите раце со сапун и вода, и да избегнувате допирање на вашето лице, како и мерката за социјална дистанца.