СЗО ГО ПОФАЛИ ВИЕТНАМ: Таму нема ниту еден смртен случај од Ковид-19

627

Светската здравствена организација го пофали Виетнам бидејќи во оваа држава со 95 милиони жители нема ниту еден смртен случај од корона вирусот. Од СЗО велат дека Виетнам треба да е пример на земја која успешно се справува со пандемијата, односно една од ретките која го спречува ширењето на Ковид-19.

Виетнам презеде навремени и строги мерки за борба против пандемијата, и покрај фактот што има граница со Кина, каде беше жариштето вирусот. Здравствените власти спроведуваат масовно тестирање и најстрог карантин. До сега во земјата има само 262 заразени лица, но податоците кои доаѓаат директно од виетнамските власти покажуваат дека дури 75.000 луѓе се во најстрог карантин.

-Виетнам се спротивстави на вирусот многу рано, односно на почетокот на јануари, кога Кина ги пријавуваше првите случаи на заразени, така што тоа е клучно за актуелните резултати во земјата, изјави Кидонг Парк, претставник на СЗО за Виетнам.

Властите во Витенам воведоа целосен карантин на 1 април и покрај фактот дека бројот на инфицирани е само 262 од вкупно 95 милиони жители, што според СЗО е чекор со цел да спречи национална криза.