Светската здравствена организација го исправи своето сопствено предупредување. Имено, некои земји овие денови најавија издавање на т.н. „имунитетни пасоши“, односно сертификати за непостоење на ризик од заразата со корона вирусот, за луѓе кои се избориле со болеста. Но, потоа СЗО предупреди дека нема докази дека оние кои го прележале Ковид-19, и имаат антитела на вирусот, се заштитени од нова инфекција.
Откако СЗО, на својот профил на Твитер напиша вакво предупредување, веднаш потоа организацијата сама себе се корегираше, па во нов Твит наведе дека се очекува поголемиот број зарзени да развијат антитела кои ќе помогнат во заштитата.
Многу лош превид СЗО направи и во февруари кога објави дека нема докази за пренесување на вирусот од човек на човек. Нивната објава на Твитер на 14. феруари гласеше вака:
-Прелиминарната истрага која ја спроведоа кинеските власти не пронајде јасни докази за пренесување на новиот корона вирус идентификуван во Вухан, од човек на човек.
Грешките на СЗО најостро ги казни американскиот претседател Доналд Трамп, кој на 15. април привремено го запре финасирањето на организацијата, наведувајќи дека „лошо управува„ со пандемијата на корона вирусот.