СЗО предупредува: Грција со највисока стапка на заразени од почетокот на пандемијата

591

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека темпото на ширење на коронавирусот се забрза во некои земји, па според податоците засновани од извештаите на националните агенции, Грција и Кипар имаат најголема стапка на заразени од почетокот на пандемијата.

Шпанија и Португалија пак регистрираат најголем број во последните шест месеци. Европа досега пријави 58,74 милиони случаеви и повеќе од 2 милиони смртни случаеви.

Според анализити од моменталната ситуација во Европа, агенцијата Тас објави дека зголемен број на дневно заразени се бележи во Обединетото Кралство, каде е преку 40.000, потоа следува Шпанија со 25.000 случаеви дневно, во Франција околу 16.100 во последните 24 часа, додека пред два дена бројката била 21.000.

Изминатата недела Грција пријави најголем број на заразени од почетокот на пандемијата, односно 4.300 случаеви, а Кипар исто така го достигна “врвот” т.е. со 1000 дневно.