Британската актерка Елизабет Харли не е единствената жена која изгледа прекрасно во бикини на 54 години.
Ѕвездата од „Сина лагуна“, филмот од 1980-та година, актерката Брук Шилдс ги израдувала своите обожаватели на Инстаграм со фотографија од бикини.
Љубителите на светската кинематографија сигурно добро го паметат римејкот на филмот „Сина лагуна“ од 1980-та година.
Да ве потсетиме дека во ова остварување играа Кристофер Еткинс како и младата холивудска актерка Брук Шилдс која тогаш имаше само 15 години.
54-годишната Брук беше синоним за природна убавина, а во светот на актерстворо влегла како многу млада. Децении подоцна таа е една од ретките жени која старее но на грациозен начин.
Обожавателите ѝ кажале дека не остарела ниту еден ден и дека изгледа апсолутно феноменално.