Таа е најголема мистерија во животот на Хабиб, му родила три деца, а нејзини слики не постојат

575
Хабиб Нурмагомедов уште еднаш го воодушеви светот со својата вештина, а веднаш потоа го шокираше со одлуката да се повлече од октагонот по победата над Џастин Гејџиј.

Всушност Хабиб оваа одлука ја донел на барање на мајка му, а една од причините за неговото пензионирање е смртта на неговиот татко, кој му беше тренер и важна фигура во животот.

За неговиот живот малку се знае, а речиси ништо не се зборува за неговата сопруга.

Долго време не се знаеше ни нејзиното име, но е потврдено дека се вика Патимат. Сè уште не постои нејзина слика на Интернет, а единствена нивна заедничка фотографија е од венчавката.

Познато е дека таа строго го почитува шеријатскиот закон и никогаш не излегува неоткриена. Хабиб се ожени со неа 2013 г. а љубовта потекнува од младоста. Тие двајцата се од исто село, седеле заедно во школска клупа, а од долгото пријателство се родила љубовта. Интересно е што Патимат не го сменила презимето кога се омажила зашто веќе се презивала Нурмагомедов. Таа е далечна роднина на најдобриот борец во мешани боречки вештини.

Хабиб и Патимат имаат три деца засега, а се претпоставува дека на оваа фотографија е таа: