Откако дознала дека нејзиниот татко и најдобрата пријателка се во врска, една девојка доживеала дополнителен шок кога слушнала дека двајцата планираат да стапат во брак и дека нејзината најдобра пријателка ќе и стане маќеа.
27-годишната Тејлор од Аризона го запознала својот 52-годишен сопруг Керн Лексман преку неговата ќерка Аманда Лексман, а како што изјавиле сопружниците, тоа било љубов на прв поглед.
“Веднаш помислив колку е згоден, кога прв пат се сретнавме, работев и се дружев со неговата ќерка, а тој беше оженет, а јас бев во врска”, рекла Тејлор, додавајќи дека нејзината пријателка првобитно била шокирана од тоа сознание, но дека со време ја прифатила нивната врска.

Меѓу другото, таа зборувала и за тоа како нејзините родители реагирале на сознанието дека нивната ќерка се мажи за 25 години постар човек, кој веќе имал неколку баракови пред неа и кој е татко на нејзината најдобра пријателка.
“На почетокот беа вознемирени, но знаеја дека сака постари мажи. На крајот и тие и Аманда ја одобрија нашата врска”, рекла таа, наведувајќи дека поради разликата во години имале и комични ситуации.

“Кога се вселивме во новата куќа, дојде нотар кој ме погледна и му кажа на мојот сопруг дека неговата ќерка може да ги пополни потребните формулари, алудирајќи на мене”, рекла таа низ смеа.
Како што двајцата изјавиле, сакаат да се споредуваат со Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас. За својата љубов велат дека е длабока и дека достигнува под кожа, и дека двајцата се заљубиле во душата на другиот. Кога станува збор за деца, изјавиле дека не го планираат тоа во моментов и дека само сакаат да уживаат во љубовта и слободата.


