Таа имала 14, а тој 15 години: Цеца ја отвори душата за колегата пејач

542

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна стана член на жирито на „Ѕвездите на гранд“, а за српските медиуми раскажа како и она во еден момент од својот живот се има натпреварувано на слични музички шоуа.

-Многу млада започнав да се натпреварувам на музичките натпревари – аматери. Таму го запознав на пример Бата Здравковиќ, мојот колега со кој се знаеме од деца. Јас имав осум, а тој девет години, раскажува Цеца.

Пејачката додава дека потоа го сретнала и Жељко Јоксимовиќ.

-Потоа го сретнав и Жељко на едно од натпреварувањата, тој тогаш беше со хармоника на себе и се натпреваруваше со неа. Тогаш тоа беше голем натпревар во стара Југославија, јас тогаш имав 14, а тој 15 години. Има тука некои убави страни и предности да се учествува на вакви натпревари, вели пејачката.

Таа вели дека секое ново натпреварување дава нова самодоверба за пејачите.

Инаку ова не е прво вакво искуство за Цеца, пејачката со години беше член од жирито во „Ѕвездите на пинк“ каде меѓу првите го забележа талентот на пејачот Слоба Радовановиќ.