Во екот на трката со САД за освојување на Месечината, Русија во 1961-ва година го пратила Јуриј Гагарин во Орбитата. После тоа, Америка го пратила Алан Шепард, а потоа Русите одлучиле да пратат жена во вселената.
Лансирањето минало добро, но пред влезот во атмосферата нешто тргнало по зло. Постојат снимки за кои не може да се потврди дека се автентични, а според кои може да се каже дека ракетата се запалила иако никој всушност не дознал што точно се случило.
Нејзините последни зборови преку радио врската звучеле вака: “Слушајте…слушајте! Дојдете…дојдете…зборувајте со мене! Зборувајте…жешко е, жешко е! Не е ли ова опасно? Жешко ми е…се гледа пламен! Жешко е…Гледам пламен. Жешко ми е…ќе се урнам ли?”.
Според снимката очигледно е дека враќањето на Земјата тргнало на лошо и ништо не функционирало. Ракетата горела додека се враќала, а со неа и жената. На крајот на снимката се слуша дека ја обземале емоции, бидејќи најверојатно знаела дека крајот е блиску, пишува The Vintage News.
По последните снимки, завладела тишина. Три дена подоцна, на 26-ти мај 1961-ва година, Советите објавиле дека вселенското летало се вратило на Земјата. Ракетата во целост изгорела, е телото на жената не било пронајдено. За тоа никогаш не се зборувало, а руската влада демантира дека тоа воопшто се случило.