Таа својата убавина чесно ја платила: На 21 година се прославила со скандалозната веридба, а еве како изгледа денес

622

Таа вели дека е зависна од операции и дека знае колку мажите сакаат такви операции.

Џена Бентли (32) отсекогаш со гордост зборувала дека направила неколку пластични операции за да изгледа поубаво и понежно.

По 14 операции таа вели дека сè уште не завршила со трансформацијата, но дека се ближи до целта „идеална убавица“.

Џенан имала три операции на градите, липосукции, подигнување на задникот, лифтинг на лицето, филери на образите, операција на носот…

Над 200.000 долари дала само на ботокс и уште 15.000 долари Џена ги „вложила“ на ситни козметички зафати.

„Секој ден сум благодарна што немав никакви компликации поради тие зафати, но нема да запрам. Зависна сум од операции и секогаш сакам уште. Сега веќе сите имаат одредена слика за тоа како изгледам и тоа морам да го одржувам“, убедена е оваа девојка која додава дека „на секој маж кој не сака оперирани девојки доаѓаат 10 кои сакаат баш таков изглед“.

Џена Бентли е плејбој зајачица, а јавноста беше изненадена од нејзината врска со милијардерот Бен Браун.

Кога имала само 21 година била верена за Бен кој во тоа време наголемо ја „газел“ шестата деценија од животот.