Тачи пред Судот во Хаг се изјасни за невин

573

Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи се изјасни за невин пред Судот за воени злосторства во Хаг. Тој се соочува со обвиненија за извршени воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната пред повеќе од 20 години за независност на Косово.

Тачи беше командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за време на војната 1998-1999 година. Тачи си поднесе оставка на функцијата претседател на 5 ноември откако дозна дека Специјалното косовско обвинителство го потврди обвинението против него.
Тачи пред судот рече дека е невин и дека не се согласува со обвиненијата за воени злосторства. Тој вети дека ќе соработува со Трибуналот.

Тачи и уште двајцата поранешни членови на ОВК, Кадри Весели и Реџеп Селими, беа одведени во притвор на 5 ноември. Од Судот преку соопштение наведоа дека првото рочиште било за да се осигура судијата дека обвинетиот ги разбира обвиненијата против него и дека му се почитуваат правата.

На 4 ноември пак во притвор во Хаг заврши Јакуп Красниќи, кој беше поранешен претседател на парламентот и портпарол на ОВК за време на војната. И Красниќи се изјасни за невин по обвиненијата.