Зек Ефрон веќе неколку месеци е во врска со келнерката и манекенка Ванеса Валадерс, која што сега поради него папараците ја следат секаде.
Актерот Зек Ефрон се преселил во мирното гратче Бајрон Беј, кое што има околу 9.200 жители, а токму таму ја запознал и новата девојка.
Дека Зек повторно е заљубен откриено било кога бил „уловен“ како разменува нежности со келнерката Ванеса во локалното кафуле.
Оваа девојка покрај келнерка работи и како манекенка, а во саботата била воочена на плажата во гратчето. Таа ја покажала фантастичната фигура на тело во портокалово бикини.
Инаку, Зек пред Ванеса бил во долгогодишна врска со актерката Халстон.
Ефрон во последно време е многу посветен во борбата за зачувувањето на планетата Земја, па по тој повод снимил и серија „Down to Earth“ која што е достапна на Нетфликс.
Актерот во неа зборува за решенијата за климатските промени кои што се случуваат ширум светот.