Тајните на Лени Кравиц за 20 години помлад изглед

600

Славниот музичар Лени Кравиц се појави на ноемвриската насловна страница на списанието „Men’s Health“.

На социјалните мрежи веднаш се појавија огромен број коментари за тоа што музичарот има 56 години, а изгледа барем 20 години помлад. Кравиц покажа неверојатно фит тело, па фановите се прашуваат дали Кравиц воопшто старее.

Кравиц до март одржуваше концерти низ целиот свет, сè до почетокот на пандемијата на корона вирусот. Потоа од Париз замина на Бахамите, каде што планираше да престојува извесно време во својата куќа.

Како што вели во интервјуту за „Men’s Health“, поради пандемијата тој веќе пет месеци живее со истите работи од викенд-торбата.

Како што оббјаснува Лени Кравиц, тајната за неговиот млад изглед е тоа што води едноставен живот во својата куќа на Бахамите, која има само една соба, а за спиење не ја користи ни таа соба, туку спие на песокот на плажата. Сам си готви здрава храна и никогаш не јаде по други места.

Неретко се дружи со мештаните и води релаксиран живот.