Таки Фити: Гоце Делчев и да сакал неможел да се декларира како Македонец – тогаш немало Македонска држава

742

Таки Фити во синоќешното госстување на ТВ 24 зборуваше за спорот помеѓу македонската и бугарската комисија околу Гоце Делчев.

„Не е важно дали е Бугарин или Македонец, треба да видиме зошто го славиме заеднички. Што тој допринел за Македонија? Тој не е роден во Бугарија, туку во Кукуш. И да сакал да се декларирал како Mакедонец, не можел тогаш не постоела македонска држава.

Ние го сметаме Гоце како наш кој цел живот се борел за македонската кауза. Можеби слични проблеми ќе имаме и за македонската преродба каде имаме многу револуционери.

Тука е суштината на македонизмот и треба да бидеме цврсти. Верувам дека за тие преродбеници кои се македонци нема да прават проблем, како што е на пример Крсте Петков Мисирков“, вели академик Фити.

„На 3 декември – најави Фити – ќе усвоиме посебен документ за македонскиот јазик, повелба за македонскиот јазик, каде изнесуваме факти и аргументи. Ќе кажеме дека постои македонскиот јазик и дека имаме огромен број на македонисти во странство и го афирмираат јазикот. Тој е жива материја и мора постојано да се усовршува“, потенцираше Фити.