Таму нема ниту еден позитивен случај на вирусот – ја забраниле употребата на зборот ‘коронавирус’, а луѓето кои што носат маски ги апсат

729

Како што навеле во синоќешното соопштение, зборот коронавирус исто така е отстранет и од здравствените брошури кои што се дистрибуирани во училиштата, болниците и на работните места.

Туркменистан им забранил на медиумите да го употребуваат зборот ‘коронавирус’, известуваат од „RSF“, меѓународната организација за слобода на медиумите.

Како што се наведува во синоќешното соопштение зборот коронавирус исто така е отстранет од здравствените брошури…

Туркменистан е богата централноазиска држава која што се граничи со Иран и засега нема пријавено случај на заразено лице од коронавирус, а во Иран има над 44.000 заразени.

„Репортерите без граница“, чие седиште е во Париз, наведуваат дека во Туркменистан се случува цивилната полиција да апси луѓе кои што носат маски или пак разговараат за коронавирусот меѓусебно.

Туркменистан е една од најзатворените држави во светот.

Со земјата владее претседателот Гурбангули Бердимухамедов од 2006-та година.