Тања Савиќ е неутешна што е далеку од децата: „Плачам ноќе, но не пред нив!“

544

Откако сопругот заедно со децата Максим и Ѓорѓе замина во Австралија, пејачката Тања Савиќ е сама во Србија,  поради ситуацијата со корнавирусот не може да патува, па со синовите се слуша преку видео – повици,  но како што вели тоа не може да ја надополни желбата да ги прегрне.

Тања деновите ги поминува во родниот град, а едвај чека повторно да ги види своите деца.

Од децата сам разделена два ипол месеци и едвај чекам да ги прегрнам. Секој ден се слушаме преку видео – повици, им раскажувам што се случува овде, а тие ми кажуваат што се случува таму, како ги минуваат деновите. Многу ми недостасуваат, ме смеат и преку телефон, но не е исто како кога сум покрај нив. Авионите не летаат, така да не можам да ги видам децата.  Ќе имам трпение, се надевам дека ќе заминам за Австралија и дека ова со короната ќе се реши“, вели Тања и додава дека и покрај целата тага, не сака да се расплаче пред децата.

Кога сум сама често плачам, но никогаш пред нив. Многу ми недостасуваат. И на нив им е тешко, но тие се деца, па го кријат тоа незадоволство. Секогаш се обидувам да го надополнам времето што не сум покрај нив, им велам: „Дојдете мама ве чека, мама ја средува куќата“. Се трудам да останам силна“,  вели пејачката.