Не можеме да бидеме рамнодушни на новите фотографии што поп-пејачката Ана Николиќ ги објави на својот инстаграм-профил. Не толку поради фактот што на нив изгледа одлично колку поради тоа што изгледа вака по долготрајната и макотрпна борба со вишокот килограми (српските медиуми пренесоа дека пред две години, кога ја роди ќеркичката Тара, Ана го напушти породувалиштето тешка 100 килограми!).
Големата упорност и желбата да ја врати ставата пред бременоста го дадоа својот резултат, па денес многумина и’ ракоплескаат поради издржливоста и цврстиот карактер.
А како изгледа сега, облечена во свилено фустанче со тантела, погледнете сами: