Таравари: Не е забрането да се користи името Македонија

1076

Актуелен член на коалицијата ВРЕДИ – градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари синоќа во емисија на ТВ21 рече дека Договорот со Бугарија е затворена работа, исто како и Охридскиот рамковен и Преспанскиот договор. Тој смета дека не во 2030, туку во 2028 година Македонија има реална шанса да влезе во ЕУ.

„Не е забрането кога зборуваме јавно. Често велам Македонија, ниту „Република“ ниту „Северна“. Мислам дека г-ѓа Давкова се уште е во еуфорија на изборите. Мислам дека тоа не го направи свесно. Тоа го направи подекларативно за да покаже дека има некаква доследност со изборната кампања“ рече Таравари за употребата на името Македонија.