ТВ презентерката Татјана Стојановска важи за една од најубавите жени во Македонија, а многупати медиумите и следбениците и го дадоа епитетот дека старее како добро вино.
Татјана важи за една од најдобрите, најелегантни и најискусни македонски ТВ презентерки. Таа секогаш пред ТВ камерите е средена и професионална, а многумина ќе се сложат дека за неа времето како да застанало.
Татјана е со години пред екраните и камерите и секогаш може да ја видиме средена, со шминка и во изданија прилагодени за нејзината професија.
Стојановска неодамна во едно интервју откри и како изгледа еден нејзин работен во времето на пандемијата со коронавирусот.
Нови правила на однесување ни наметна ситуацијата и строго ги почитувам. Секако, поради видот на работата цело време сум со физичко присуство во телевизија на моето работно место.
Но ете досега фала богу добро се справувам, како ќе биде натаму ќе видиме.
Татјана збoруваше и за тоа како го негува својот изглед. „Ретко посетувам фризер само за неопходни работи кои не можам сама да ги направам. Среќа сум вешта во шминкање и можам и сама да се исфенирам па тоа ми ја олеснува подготовката за на екран.
Немам тајна формула како ја одржувам убавината и изгледот, вообичаени некои третмани, процедури што ги спроведувам, но ништо специјално.Татјана зборуваше и за своите модни почетоци, како Мис на Македонија за 1992 година.
„Со манекенството почнав да се занимавам откако на 6 јули 1992 бев избрана за Мис на Македонија. По изборот добив покана да работам со модната агенција на Марјан Димевски. Таму се запознавме со Ирена Спировска и имавме заеднички настапи на модни ревии.
Настапувавме на Саемот за мода „Модест“, имавме и ревии во Универзална сала за модните конфекции кои во тој период беа гиганти како „Отекс“, „Прима“, „Тетекс“. Паралелно со тоа јас во септември истата година, 1992, добив покана да работам во МТВ“, раскажа таа.
Тања е мајка на Матеј кој има 22 години, и веќе 8 години е во врска со Михаил Китановски за кого неодамна изјави дека ја освои со својот интелект и шарм, и дека иако не ставиле потпис, тие се во неформален брак.
Татјана вечерва на вестите на Канал 5 целата блескаше. Се појави со имиџ со каков што досега не сме ја виделе.
Појака шминка, нова фризура, облечена во весела, новогодишна комбинација. Со новиот имиџ, таа ја изненади целата јавност. Пријатно се разбира.
Татjана целата блеска а има и зошто. Убава е, успешна, среќна, исполнета и вљубена.