Татко наречен “молња”: Благодарение на брзата реакција ја спасил ќеркичката од сигурен пад

668

Снимката од таткото кој во последен момент ја спасил ќерката од пад од креветчето стана хит на интернет. Иако видеото настанало минатата година, снимката дури сега се прошири на социјалните мрежи.

Тој ден таткото бил со своите ќерки во детската соба, а едната од нив била во креветчето, додека другата гледала цртани филмови на лаптоп. Таткото седел на столче за лулање и гледал во својот мобилен телефон кога девојчето се качило на играчката која ја имала во креветчето и се наведнало преку решетката.

Во моментот кога почнало да паѓа, таткото брзо скокнал од столчето, го фрлил телефонот од раце и го фатил детето.

“Никој не е совршен и мило ми е што бев таму тој ден, иако гледав во мобилниот телефон. Децата се брзи, но нашите рефлекси мора да бидат побрзи бидејќи ова не е првпат да ја спасам, а веројатно не е ни последен”, изјавил таткото подоцна.