Зошто ми го убивте детето?
Ова прашање во судница го постави Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања. Прашањето беше наменето за обвинетиот Велибор Манев, по неговото сведочење во кое детално ги опишуваше киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
-На тоа не можам да одговорам, тоа треба да го прашате Љупчо Палевски, му врати Манев.
Претходното рочиште, на кое започна сведочењето на Манев, кратко беше прекинато во моментот кога на Ѓорчевски му се слоши од описот на злосторствата врз неговата ќерка.