Телохранител на Ердоган изврши самоу*иство: Оставил писмо и ја открил мрачната позадина на обезбедувањето на турскиот претседател

1462

Припадник на претседателска гарда на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган извршил самоубиство, по што опозициските медиуми во таа земја го отвориле прашањето за “злоставување и мобинг на луѓето кои го чуваат првиот човек на Турција”.

Припадникот на специјалната единица, чии иницијали се М.А.Б, бил отсутен неколку дена од работа, а бидејќи телефонот му бил исклучен, колегите дошле да го посетат.

Кога влегле во станот го виделе неговото тело, покрај кое имало пиштол, пишува весникот “Заман”.

Полицаецот пред самоубиството оставил писмо во кое пишувал за притисоците на кои бил изложен на работа, а пишувал и за “навредите, заканите и отпуштањето на персоналот”.

На крајот напишал: “Секое лице мора да има достоинство, а јас повеќе не можев да ги поднесам навредите. Би сакал кон нас да се однесуваат љубезно и да не разбираат…Не сакам било кој од командата да присуствува на мојот погреб”, пренесува порталот “Ahval“.