Телото на Сузана обезглавено пронајдено во торба со страшна порака за сопругот: Камерите ги снимиле нејзините последни моменти

1115

Делови од телото на Сузана Карера биле пронајдени во Коакакоалкос на источниот брег на Мексиканскиот залив. Таа била киднапирана една недела порано пред куќата на својата пријателка, кога отишла да ги земе децата.

Обезглавеното женско тело било пронајдено внатре во голема торба со порака, во која се обвинува нејзиниот сопруг бидејќи “одбил да плати откуп”. 

На застрашувачката снимка од надзорните камери се гледаат нејзините киднапери како ја внесуваат во автомобил во неколку секунди. Една недела подоцна остатоците на сопругата биле пронајдени во торба оставена на улица.

Осомничените киднапери оставиле и порака внатре во торбата, во која стои дека нејзиниот сопруг “се забавувал и не платил откуп”.

Според пишувањето на локалните медиуми, таа била обезглавена, бидејќи бараниот откуп во износ до 183.871 евра не бил платен.

Не е јасно како нејзиниот сопруг го добил барањето за откуп.

Неколку часа подоцна сопругот на Фејсбук потврдил дека била убиена и се заблагодарил на поддршката во текот на целата таа недела, додека била заробена.

“Ви благодарам на молитвите и желбите мојата Сузана да се врати дома, но за жал тоа нема да се случи. Таа е мртва”, напишал тој.