Три лица се убиени утринава во напад со нож во базиликата Нотр Дам во јужниот француски град Ница, вклучително и жена на која ѝ е отсечена главата, соопшти полицијата, а според властите сѐ укажува дека станува збор за терористички напад. Повредени се Сведоци велат дека при нападот напаѓачот викал на арапски господ е голем.
Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, на твитер објави дека полицијата го привела напаѓачот кој се обидувал да се сокрие. Според некои медиуми, тој е ранет и пренесен во болница и станува збор за 23-годишно момче. За градоначалникот, главниот виновник е исламо-фашизмот во државата.
„ШТО Е ДОСТА ДОСТА Е, СЕГА Е ВРЕМЕ ФРАНЦИЈА ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД ЗАКОНИТЕ ЗА МИР И ДА ГО ИЗБРИШЕ ИСЛАМОФАШИЗМОТ ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ОД НАШАТА ТЕРИТОРИЈА“, НАПИША ЕСТОРЗИ.
Засега не е познат мотивот за нападот во Ница, ниту дали има поврзаност со обајвувањето на карикатурите на пророкот Мухамед. Сепак, обвинтиелството за тероризам отвори истрага за овој напад. Сѐ уште не е јасно и дали нападот има некаква поврзаност со нападот во Париз пред две седмици кога ученик, исто така, обезглави гимназиски професор поради прикажување карикатури на пророкот Мухамед.