Тешки телесни повреди на лице со електричен тротинет

671

Вчера на булеварот „Св.Климент Охридски” во Скопје, на место каде се спојува со сервисна улица која води кон паркинг од Соборниот храм се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мазда 3″ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. (47) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Е.С. (36) од Скопје.

По сообраќајката Е.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.