Тие се 3-ца најбогати луѓе на светот, а не плаќаат данок – еве како

671

Oткако Илон Маск неодамна се преселил во Тексас, сега сите тројца најбогати луѓе на светот живеат во американската држава која што не зема данок на доход.

На почетокот на месец декември, Маск ја напуштил Калифорнија за да се пресели во Тексас каде што ја гради новата фабрика на „Tesla“.

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, кој што има нето вредност поголема од 183 милијарди долари живее во државата Вашингтон.

Третиот на листата на „Блумберг“ е милијардерот и творец на „Microsoft“ – Бил Гејтс кој што исто така има претприемништво во Вашингтон.

Тексас и Вашингтон се две од деветте американски држави кои што не земаат данок на доход. Останатите седум се Алјаска, Флорида, Невада, Њу Хемпшир, Јужна Дакота, Тенеси и Вајоминг.

Инаку, за Маск мора да кажеме дека оваа година беше „плодна“. Неговото богатство е во пораст откако акциите на компанијата пораснале за 6 отсто, поставувајќи ново највисоко ниво од 695 американски долари.

Според мислењето на „Форбс само ракетната компанија на Маск „Спејс икс“ сега се проценува на 46 милијарди долари.