“Тигрите” се враќаат во елитата по 26 годишна апстиненција

461

Кремонесе се враќа во Сериа А по пауза од цели 26 години.

Последен пат “тигрите” се натпреваруваа во елитното италианско друштво во сезоната 1995/1996. Тимот е предводен од група одлични играчи како Флорјанич, Тентони, Бунаито, Чиофани како и големиот талент Николо Фагиоли кој е на позајмица од Јувентус.

Кремонесе е вториот тим по Лече кој избори место во најдобрата италианска лига за следната сезона. Главна цел следното првенство ќе биде борбата за опстанок. За последното место кое води во Сериа А преку плејоф натпревари ќе се борат Бреша, Перуџа, Беневенто, Асколи, Пиза и Монца.

Димитар Младеновски