Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров на вчерашниот натпревар во Сегедин против Пик Сегед влезе во одбрано друштво во Лигата на шампионите.
Русинот во првото полувреме против Пик Сегед постигна четири погодоци и стигна до бројката од 1000 погодоци постигнати во Лигата на шампионите.
Најголем дел од нив Дибиров ги постигна во дресот на Вардар со кого два пати се искачуваше и на самиот врв на најелитното европско ракометно натпреварување.
Што се однесува до резултатот, Вардар по првите 30 минути има два гола негатива против Пик Сегед кој води со 17:15.
Русинот стана само четвртиот ракометар со вакво достигнување пред нашиот Кире Лазарв кој е убедливо на врвот по бројот на постигнати голови, па Никола Карабатиќ и Момир Илиќ.
