Тинејџер избоден до смрт во центарот на Прилеп

2029

Свирепо убиство на младо момче доцна синоќа се случи во центарот на Прилеп. Било избодено со нож до смрт.

Според сведоштвата на Прилепчани кои испратија информации до Телма на инцидентот му претходела физичка пресметка на поголема група млади лица.

Инцидентот се случил пред деветкатницата во Прилеп во близина на градскиот плоштад. Момчето почнало да бега од групата, но паднало на влезот на прилепската чаршија по што било стигнато од групата која учествувала во тепачката.

Очевидците повикале Итна помош и околу 19:40 случајот бил пријавено во полиција. Итната помош го префрлила момчето во прилепската болница, но им подлегнало на повредите од повеќето убоди кои му биле нанесени по телото.

Полицијата го истражува убиството. Локални веб медиуми објавија претпоставки дека станува збор за малолетник на 15 – 16 годишна возраст.

Дополнително се работи на утврдување на идентитетот на момчето бидејќи кај него не биле пронајдени лични документи за да може да биде идентификувано. Надлежните дадоа наредба за обдукција на телото.