Кијану Ривс е една од омилените холивудски ѕвезди, а интернетот е преполн со духовити приказни за славниот актер кои докажуваат колку е тој всушност приземјен и колку обожавателите му се битни.
Една од таквите приказни се најде и на Твитер, а ја споделил Џејмс Датор кој го запознал Ривс кога имал само 16 години. Датор во текот на средното училиште работел во кино во Сиднеј каде едно утро се појавил токму Кијану.
“Работам, се досадувам и одненадеж влегува тип во фармерки, кожна јакна и со јавачка кацига на главата. Чудна јавачка кацига. Ми требаше 30 секунди за да ја игнорирам кацигата и да сфатам дека тоа е Кијану Ривс”, ја започнал Џејмс приказната.
“Сакаше карта за “From Hell”, филм со Џони Деп. Толку бев шокиран што стои ѕвезда пред мене, што го направив она што секој 16-годишен тинејџер би го направил на мое место. Му реков дека сакам да му го дадам својот попуст за вработени. Тоа би значело дека тој би морал да се потпише на листот хартија и со тоа јас ќе го добијам неговиот автограм”, објаснил тој.
“Не работам овде”, одговори Кијану, збунет од мојата понуда. Му наплатив по нормална цена и се чувствував лошо што не земав автограм од него. Две минути подоцна, слушам тропање на вратата од каде продавав карти. Мислев дека е мојот шеф. Беше Кијану”, напишал Датор.
“Сфатив дека веројатно го сакаше мојот автограм”, ми кажа тој. “Го потпишав ова”, рече Кијану и ми подаде сметка од штандот на која се потпишал. Потоа фрли сладолед во кантата за ѓубре и отиде да го гледа филмот. Подоцна сфатив дека купил сладолед кој не го сакал само за да добие сметка на која би можел да се потпише за еден 16-годишен идиот”, ја заклучил приказната.