Титаник II ќе заплови во 2022-ра година, следејќи ја истата рута како својот претходник (ВИДЕО)

741

Потонувањето на Титаник е можеби најпознатиот бродолом на сите времиња. Познат по големината и брзината, во тој период Титаник бил најголемиот брод и наводно не можел да пот*не. Но неговото патешествие не одело по планираното и не го завршил ни своето прво патување од Саутхемптон до Њујорк.

 

На 15-ти април 1912-та година, Титаник потонал по суд*р со леден брег.

Титаник ги воодушевувал сите со неговиот дизајн, технологија и големина. Неверојатниот број на детали можат да се видат и денес на потонатиот брод. Се зборувало дека Титаник е брод невиден досега. Затоа и неговото потонув**е продолжува да си игра со човечката имагинација.

Па ако отсекогаш сте се прашувале како би изгледало патувањето на Титаник, конечно ќе можете да го направите тоа со Титаник II.

Конструкцијата била направена според оригиналниот брод и изгледа ова ќе биде неверојатна комбинација на денешната технологија и стариот дизајн. Изградбата започнала во 2012-та година, но била прекината поради финансиски проблеми. Бидејќи се најдени нови спонзори, сега се очекува Титаник II да заплови во 2022-та година и да го заврши патувањето на неговиот претходник. Иако се направени неколку прилагодувања со цел да се надградат технологијата, безбедноста и структурата, Титаник II ќе наликува на оригиналниот брод што е можно повеќе.