Тлото не мирува – регистриран нов земјотрес во Србија

501

Потресот е регистриран во Крагуевац каде што во последните три дена се регистрирани три земјотреси. Земјотресот е со јачина од 2,2 степени по Рихтер.

За потсетување, во сабота беше регистриран земјотрес во Младеновац, а потоа во вторник беа регистрирани земјотреси во околината на Крагуевац од кои најсилниот беше 4,4 степени по Рихтер. Во среда наутро беше регистриран уште еден земјотрес. Околу 9 часот наутро беше регистриран уште еден земјотрес во Топола.