„Тоа е шунд“ – Продолжува војната меѓу Карлеуша и Зорица Брунцлик

772

Јелена Карлеуша и Зорица Брунцлик пред извесен период разменија јавни прозивки, а Карлеуша сега повторно ја прозва постарата колешка.

Имено, Зорица пред повеќе од еден месец и упати жестока порака на Карлеуша која критикуваше кандидатка во „Ѕвездите на Гранд“ која што пее нејзина песна, а сега Карлеуша повторно прати „отровна“ стрела ,а причината беше иста.

Со твојата боја на глас, ваква песна, па тоа е шунд, такво нешто не ти треба. Сметам дека можеш да направиш многу поадекватен избор во 2019 година. Твојата иднина не е музиката од далечното минато, и рече Карлеуша на кандидатката која пееше песна од Брунцлик.