ТОА ШТО ГО ПРАВИМЕ ЈАС И МАЖ МИ ПРЕД ДЕТЕТО Е СОСЕМА ПРИРОДНА РАБОТА! ОВАА МЛАДА МАЈКА ГО РАЗБЕСНЕ СВЕТОТ !

727

Една мајка неодамна предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, кога призна дека има секс со сопругот додека нивниот син е во иста просторија. Многумина ја осудија постапката и ја нарекоа, благо речено, несоодветна.

Сали Мастанг, која стана мајка и го роди синот Ајур Ситара на 15 февруари, смета дека општеството треба да престане со стигматизирање на интимност, па затоа решила да сподели објава со луѓе кои ја следат на социјалните мрежи, во која објаснува како има се*с со сопругот, додека нивниот петмесечен син е во собата.

Таа рече дека е „природно“ да се приближи до нејзиниот сопруг Мич Гобел додека нејзиниот син е во близина. Објавата наскоро се покажа како контроверзна и коментарите започнаа да надоаѓаат.

Замислете дека осумгодишно дете доаѓа кај вас и вели дека е подготвено за се*с, затоа што вие сте толку отворени за таа тема во вашата куќа – коментирал еден корисник.

Сали го избриша постот веднаш по нападот, но остана со нејзиното мислење. Таа објави своја изјава во своето стори на Instagram во која објаснува дека водењето љубов обично вклучува бакнување и масирање и инсистирала дека не го присилува нејзиниот син да ја набудува во тие ситуации, а потоа објаснила дека куќата во која живее не обезбедува доволно приватност.

Таа исто така рече дека нејзиниот син бил присутен, но дека спиел и дека не видел ништо лошо во тоа што љубовта се изразува слободно, но дека морала да го избрише постот заради нападот врз неа и нејзиното семејство.