Тоа што не го очекувавме и мислевме дека ќе има поразбрана влада е дека не смееше да се формира комисија за некои прашања кои што не смеат да се отвораат. Вие не смеете да зборувате за мојот идентитет. Никој! Нашиот, македонскиот идентитет е континуа, кој што вие не можете да го сведете на петмина да го решаваат за вас, изјави историчарката Катерина Тодоровска од Институтот за ннационална историја во нејзиното гостување во „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.
– Апсолутно е недозволиво вие да формирате комисија за нешто што се случило пред 100 или 200 години или порано. Притоа, кога веќе се одело да се формриа комисија што не смеело, и што многумина одбија да се формира, тогаш не можело да се оди без еден средновековец. Ние имаме во ИНИ луѓе кои можат да одговорат на прашањата на бугарската страна. Кога одите без средновековец тогаш е многу лесно тие вас да ме изманипулираат и за Кирил и Методиј и за Наум и Климент, уште полесно за Самоил, потенцира Тодороска.
Таа истакна дека се направени такви катастрофални грешки, како држава што многу лош оддек имаше во меѓународната историска наука.