Тој има 180 килограми, а таа 52: “Планината” и неговата сопруга го привлекле целото внимание на премиерата на “Game of Thrones”

895

Исландскиот актер Хафтор Јулиус Бјорнсон, познат по улогата на Грегор “Планината” Клегејн во ТВ серијата “Game of Thrones” и неговата сопруга Келси Хенсон ги привлекле сите погледи на црвениот тепих на премиерата на осмата сезона на серијата.

Повеќе од два метри високиот актер и 150 центиметри високата Келси заедно позирале пред камерите, а разликата во нивната конституција особено доаѓала до израз.

“Планината” на премиерата се појавил во елегантно одело, а особено се истакнувало неговото темносино сако, додека Келси изгледала фантастично во долг црн фустан.

Инаку, Хафтор тежи 180 килограми, а Келси од него е полесна речиси 130 килограми – таа тежи 52 килограми. На почетокот на оваа година, интернетот го освои нивната заедничка фотографија поради еден детаљ.

Имено, Бјорнсон објавил фотографија на која тие двајца пијат топло чоколадо. И додека во нејзината рака, шолјата изгледала нормално, во раката на 30-годишниот Исланѓанец таа изгледала како оптичка илузија.

View this post on Instagram

Who’s jealous? @kelc33

A post shared by Hafþór Júlíus Björnsson (@thorbjornsson) on