Том Круз е во врска со својата 20 години помлада колешка?

755

Бидејќи се снима за време на пандемијата со коронавирусот, сетот на холивудската реализација „Невозможна мисија 7“ привлекува големо внимание во јавноста, а сега новинарите ќе имаат уште една причина почесто да го посетуваат снимањето.

Имено, ѕвездата на оваа франшиза, Том Круз, е во врска со својата 20-годишна помлада колешка Хејли Атвел, која игра покрај него во овој филм.

ФОТО: ПРОФИМЕДИА

Двојката е наводно неразделна од првиот ден на снимањето, а особено се зближиле поради необичната ситуација во која се најде целиот свет оваа година.

– Сите потешкотии околу Ковид и карантинот ги приближија уште повеќе, па сега тие се неразделни. Тие се запознаа по снимањето, а Хејли беше и во станот на Том во Лондон. Одлично се сложуваат и двајцата се пресреќни – изјави извор близок до парот за „Дејли меил“.

ФОТО: ПРОФИМЕДИА

Атвел раскина долга врска на почетокот на 2020 година, додека Том Круз не презентираше ниту еден од своите партнери пред јавноста по разводот со Кети Холмс во 2012 година.