Топ три држави во кои Македонците најмногу инвестираат: На чело изненадување

682

Малта со вкупни 4,7 милиони евра се најде на врвот на листата земји рангирани по обемот на инвестиции од Македонија во периодот јануари-септември покажуваат најновите податоци на народна банка.

На втото место Македонците инвестирале во Хрватска со 3,8 милиони евра а на трето место е соседот Грција каде биле вложени 2,7 милиони евра.

Голем е бројот на Македонци кои работат во Малта, а платите кои се нудат се примамливи.

Платите во хотелите се движат од 800 до 1000 евра, односно 4.5 до 5.5 евра по работен час во угостителството, но има и сектори кои се поплатени.

Околу 5.000-6.000 Македонци престојуваат на Малта на привремена работа, а нивниот број достигнува и до 10.000 налето, велат, според неофицијална проценка, од заедницата „Македонци во Малта“. Овој медитерански остров во последниве години е сѐ попривлечна дестинација за нашите сограѓани што заминуваат да си ја пробаат среќата надвор од границите на Македонија.