Поранешниот напаѓач и капитен на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, е голем оптимист во пресрет на мечот помеѓу својот поранешен клуб со Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Иако е јасно дека Јувентус ќе биде благ фаворит во дуелите со „Јорганџиите“, Торес е сигурен дека неговиот клуб има на што да се надева во тие мечеви.
„Зошто страв од Јувентус? Атлетико е сериозен тим и ако игра онака како што знае, со препознатливиот менталитет и залагање, тогаш Јувентус е тој кој треба да стравува“, изјави Торес, кој потоа се осврна и на Кристијано Роналдо.
„Знам дека Атлетико не се плаши од никого, па така ни од Кристијано Роналдо. Сите тие се непобедливи“.
Фернандо Торес летоска го напушти Атлетико Мадрид и потпиша за јапонски Саган Тосу, а во кариерата уште играше за Ливерпул, Челзи и Милан.